Насловна / Архитектура / Паразитски додатоци за намалување на потрошувачката на енергија на зградите

Паразитски додатоци за намалување на потрошувачката на енергија на зградите

Предлогот на компанијата Malka Architecture во насока на подобрување на  енергетската ефикасност на париските згради, го карактеризира додавање на кутиести, паразитски делови на нивниот екстериер. Проектот под името „Plug-in City 75“ предвидува паразитски „коцки“ поставени на фасадата на зградата во 16-тиот арондисман (округ) на Париз, кои хоризонтално ги прошируваат катните плочи на постоечките станови. Покрај тоа што становите во зградата добиваат поголема површина, овие додатоци исто така допринесуваат и за подобри енергетски перформанси на зградите од 70-тите годии на минатиот век, во облик на подобра термичка изолација и намалување на топлинските загуби.

Париската компанија Malka Architecture излегла со овој предлог бидејќи градските прописи спречуваат рушење на постоечките згради. Архитектите тврдат дека овие додатоци можат да ја намалат потрошувачката на енергија на зградата на една четвртина од актуелната потрошувачка.

MA 2 16

MA 16

 

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top