Насловна / Вести / „Паралелни светови“ во Музејот на град Скопје

„Паралелни светови“ во Музејот на град Скопје

paralelni svetovi
Дебатата „Паралелни светови“ ќе се одржи вечерва во 19.30 часот во Музејот на град Скопје. Насочена е токму кон професионалните проблеми на архитектите во Македонија и на архитектурата воопшто. Во претходните години многу се пишуваше и многу се говореше за архитектурата. Но, сето тоа беше ограничено на една тема: проектот „Скопје 2014“.
За жал, многу малку е зборувано за проблемите со кои секојдневно се соочуваат архитектите во Македонија. Овие проблеми не се ограничени само на нас како архитекти туку тие последователно влијаат и врз квалитетот на изградениот простор. Без дефинирани принципи и стандарди во архитектурата, ниеден поединец, архитект, не може да се занимава достојно и професионално со сопствената професија без разлика дали таа била проектант, професор, урбанист, надзор, референт или критичар.
Свои воведни излагања ќе имаат архитектите проф. Мартин Гулевски, Дејан Ивановски и Мартин Пановски.

Испрати коментар

Scroll To Top