Насловна / Вести / Француски искуства за соработка на власта со архитектите

Француски искуства за соработка на власта со архитектите

bordo bimas_05
Соработката со архитектите е особено значајна за еден град да добие вистински изглед. Во добро осмислен град добро се живее. Оној град што има обична архитектура, различна и искрена, тука има место за сите да живеат. Ова е објаснувањето на францускиот архитект Мишел Лару за тоа како властите на еден град треба да размислуваат при уредувањето на просторот. Лару на предавањето коешто беше дел од БИМАС објасни како градот Бордо успешно соработува со архитектите.bordo bimas_03

„Пред да се избере урбанист кој ќе го осмислува изгледот на еден кварт, тој има средби со луѓето што живеат таму за да можат да ги кажат нивните интереси за тој дел од градот. Потоа се издава брошура во која се запишани сите нивни желби и барања и која бесплатно им се дели на граѓаните. Дури потоа на конкурс се бира урбанистот и тој дава објаснување што од барањата може да се реализира во тој кварт, а што не. Откако ќе се постави таа рамка на проекти со луѓето се сретнуваме кога ќе почне градбата“, објаснува Лару.

bordo bimas_04 bordo bimas_02
Транспарентноста при изборот на проектите во Бордо е на највисоко ниво. Лару вели дека во Градот имаат вработено урбанист кој се има обврзано дека никогаш нема да гради во Бордо, а поради тоа што нема никакви интереси донесува вистински одлуки. „Сите барања за дозволи за градење стигнуваат до него. Тој е главниот што кажува што може да се направи, а што не. Така имаме добри проекти и добра соработка со двете страни, и со урбанистот и со граѓаните што сакаат да градат“, истакна Лару.bordo bimas_12 bordo bimas_04 bordo bimas_09

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top