Насловна / Вести / Презентиран сончевиот симулатор – Хелиодон

Презентиран сончевиот симулатор – Хелиодон

 

KIR_9772
На градежниот факултет во Скопје денес беше презентиран Сочевиот симулатор – ХЕЛИОДОН. Тоа е направа која служи за симулација на сончевото зрачење на одредена географска ширина, при определен датум од годината и во точно време од денот. Оваа направа помага за одредување и реално прикажување на аголот на упадниот сончев зрак и вкупната соларна геометрија која би се рефлектирала врз објектот што е предмет на истражување, односно анализирање.

KIR_9788

На 14 и 15 мај на факултетот се одржа работилница на која под менторство на проф. Норберт Лекнер (Auburn UniversityAlabama – USA), студентите од државниот Универзитет „Св.Кирил и Методиј“, Градежен и Архитектонски факултет од Скопје, како и студенти од приватните високо образовни институции изработија Хелиодон.  Тој може да им помогне на истражувачите, инженерите и архитектите да ги разберат основните концепти за дизајн на нискоенергетски и пасивни објекти и нив да ги применуваат во практика. Хелиодонот е моќна алатка за демонстрација на потенцијалот и на логиката на ZNEB објекти (solar responsive design/zero-net energy building).

KIR_9768
Хелиодонот по својата функција првенствено е наменет за студенти по архитектура и архитекти, како и градежни инженери кои ќе можат во „реално време“ да предвидат: најповолна поставеност на објектот во однос на сончвото зрачење; обликување на објектот за максимално искористување на сончевото зрачење при создавање на ниско енергетски или пасивни објекти; дефинирање на аголот на фасадната рамнина за искористување на максималното продирање на сончевиот зрак и сончевата топлина во објектот; соодветни засенчувања – настрешници, жалузини, ролетни и сл.; сенки кои се создаваат од самиот објект, како и сенките што ги создаваат околните објекти и дрвјата врз објектот што е предмет на истражување; најповолна положба за поставување на фотонапонски ситеми и сончеви колектори за топла санитарна вода.

Организатори на работилницата и презентацијата беа Друштвото за градежништво и трговија „ Жикол“ и Здружението 2Х Енергетска Ефикасност.

Испрати коментар

Scroll To Top