Насловна / Арт и дизајн / Пандемијата го промени списокот на најскапи градови во светот

Пандемијата го промени списокот на најскапи градови во светот

Живеењето под светлата на големите метрополи има цена – особено ако изборот е Хонг Конг, Париз или Цирих, кои се најскапите градови во светот, според новото истражување на The Economist Intelligence Unita (EIU).

grad

Европските градови ги престигнаа Сингапур и Осака, кои во мартското истражување беа рамо до рамо со Хонг Конг, а на рангирањето најмногу влијаеше пандемијата „Ковид-19“.

Валутните флуктации за време на пандемијата, вклучително и падот на американскиот долар, влијаеа на промената на цените на стоките и услугите. Дестинациите во Африка, Америка и Источна Европа станаа поевтини од март, додека Западна Европа, каде еврото се зголеми во однос на доларот, исто така бележи пораст на цените. Исто така, швајцарскиот франк забележа раст.

grad1

Така, Сингапур и Осака сега се на четвртото, односно петтото место, а Тел Авив го дели петтото место со Осака. Во Топ 10 влегоа и Женева, Њујорк, Копенхаген и Лос Анџелес.

Најскапите градови за живеење:

1. Хонг Конг, Цирих и Париз

4. Сингапур

4. Тел Авив, Осака

6. Женева, Њујорк

8. Копенхаген, Лос Анџелес

Сиднеј е на 15-то место, Лондон на 20-то место, а Москва на 106-то место.

grad2

Најголем пораст забележа Техеран, кој се искачи од 106-то на 79-то место. Рејкјавик, Рио де Жанеиро и Сао Паоло забележаа најголем пад на цените.

Дамаск (Сирија) е најевтиниот град за живеење, а го следат Ташкент (Узбекистан), Лусака (Замбија), Каракас (Венецуела) и Алмати (Казахстан). На дното на списокот се Карачи (Пакистан), Буенос Аирес (Аргентина), Алжир и индиските градови Бангалор и Ченаи.

Испрати коментар

Scroll To Top