Паметниот повеќекатен систем за паркирање претставува современо решение кое одговара на предизвиците на брзиот урбан развој и ограничениот простор во големите и густо населени градови. Ваквите системи се осмислени со цел да овозможат ефикасно паркирање на голем број возила на релативно мала површина, со висок степен на автоматизација.

Еден ваков концепт се применува во Кина. За разлика од класичните гаражи, возачот доаѓа до влезната платформа, го остава возилото, по што системот сам го превзема автомобилот и го сместува на достапна позиција. Целиот процес е проектиран да биде брз, сигурен и без непотребно движење во склоп на гаражата. Примената на ваквиот систем е особено значајна во опкружување на болници, каде сообраќајот е константен, а потребата од организиран паркинг исклучително голема. Особено важна предност на ваквите системи е оптимизацијата на просторот во урбаните средини каде секој квадратен метар е драгоцен. Вертикалниот дизајн овозможува сместување на значително поголем број возила.

Порта3 – градежништво, архитектура и екологија Порта3 – градежништво, архитектура и екологија