Насловна / Архитектура / Пакувајте ги куферите: Најголема ретроспектива на Фостер наскоро во Париз

Пакувајте ги куферите: Најголема ретроспектива на Фостер наскоро во Париз

Најголема ретроспектива досега, која го опфаќа целиот опус на прославениот британски архитект Норман Фостер во изминатите шест децении, ќе биде отворена во Центарот Помпиду во Париз на 10. мај.

2

Apple Park 

Изложбата е дизајнирана лично од Барон Фостер од Брегот на Темза, а ја изведува во соработка со архитектонската пракса Foster + Partners и Фондацијата Норман Фостер.

Така, до 7. август оваа година, на речиси 2.200 квадратни метри, ќе бидат прикажани различни периоди од неговата работа, истакнувајќи ги клучните проекти како што се зградата на Hongkong and Shanghai Banking Corporationa (Хонг Конг, 1979–1986), музејот Carré d’Art (Ним, Франција, 1984–1993), Меѓународниот аеродром во Хонг Конг (1992–1998) и Apple Park (Купертино, САД, 2009–2017).

001

Виадуктот Мијо

Архитектура инспирирана од природата

Ретроспективата на Норман Фостер во Центарот Помпиду ја истражува работата на архитектот низ призмата на седум теми: Природа и урбаност, Кожа и коски, Вертикален град, Историја и традиција, Планирање и место, Мрежи и мобилност и Иднина.

1

Carré d’Art 

„Оваа изложба ги следи темите за одржливост и предвидување на иднината. Раѓањето на оваа пракса во 1960-тите се совпадна со првите знаци на свесност за кревкоста на планетата. Тоа беа зелените изданки на она што подоцна ќе се нарече Зелено движење“, изјави Фостер за DesignBoom и додаде:

„Овие принципи сега се можеби мејнстрим, но пред повеќе од половина век тие беа револуционерни и ја антиципираа денешната реалност. Со текот на децениите, се обидовме да ги оспориме конвенциите, повторно да ги осмислиме типовите на згради и да прикажеме архитектура на светлина и леснотија, инспирирана од природата, која може да биде и радосна и еколошки прифатлива“.

00

Скица за зградата Chesa Futura во Швајцарија

Цртежи, скици, оригинални макети, диорами и бројни видеа ќе им овозможат на посетителите ефикасно да согледаат 130 значајни проекти.

На самиот влез посетителите ќе ги пречека цела галерија на предмети кои никогаш порано не се видени во Франција, а кои се состојат од цртежи, скици и фотографии направени од архитектот.

0

Newport School, Велс

Изложбата ќе вклучува и дела од уметниците Фернан Леже, Константин Бранкуши, Умберто Бочони и Аи Веjвеj, заедно со индустриски креации како што се едрилици и неколку класични автомобили, кои често служеле I како извори на инспирација.

02

скица за Millennium Bridge

Во каталогот 80 од најзначајни проекти

Ретроспективата е придружена и со каталог од 264 страници, кој прикажува осумдесет најзначајни проекти на британскиот архитект.

Оваа монографија содржи три портфолија кои ги прикажуваат раните извори на инспирација на Фостер, проекти спроведени во соработка со Ричард Бакминстер Фулер и бројни други цртежи и скици.

Каталогот го издава Editions du Centre Pompidou под раководство на кураторот на ретроспективата, Фредерик Миагру.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top