Насловна / Арт и дизајн / P-logic е ергономско столче кое децата го обожаваат

P-logic е ергономско столче кое децата го обожаваат

P-logic е уникатен стол, функционално парче мебел за современ простор што ги поддржува децата во секоја смисла на зборот – а особено во нивните креативни или едукативни потфати. Столот е направен од мешавина на еколошки материјали, вклучувајќи дрво добиено од одржливи шуми и дел направен од рециклиран ПЕТ термопластичен полимер. P-logic е ергономско столче кое децата го обожаваат.

0_resize

Дел од столот е всушност направен од капачиња од шишиња кои се рециклирани, исецкани, стопени и избрусени. Она што се добива и што служи и како работен простор на детето е нешто што изгледа како разнобоен витраж, освен што е направено од рециклирана пластика.

1_resize

Столот има интересна извајана форма која не само што дава совршена поддршка при седење, туку има и посебна работна површина, па дури и мал простор за складирање играчки и други предмети, а сето тоа ја максимизира ефикасноста на ова оригинално парче мебел.

2_resize

Покрај тоа, неговата форма „сè-во-едно“ неодоливо потсетува на старите добри училишни клупи и столчиња во училница. Ова парче мебел е создадено специјално за деца на возраст од пет до осум години, изработено е од одржливи материјали и има еколошки дизајн.

И покрај неговата мултифункционална форма, столот е доволно компактен за да се вклопи во речиси секој простор.

4_resize

5_resize

3_resize

7_resize

10_resize

6_resize 9_resize

Испрати коментар

Scroll To Top