Насловна / Вести / ОУ „Кузман Јосифовски-Питу“ целосно реновирано

ОУ „Кузман Јосифовски-Питу“ целосно реновирано

kuzman j pitu

 За околу два месеца треба да завршат градежните активности за подобрување на условите во подрачното основно училиште „Кузман Јосифовски-Питу“ во Црниче. Согласно проектот, кој го изготви „Прима Инженеринг“ – Скопје, се имплементираат мерки за енергетска ефикасност – се заменуваат прозорците и целосната столарија, комплетно се реконструира покривот на кој се поставува термичка изолација и систем за заземјување – громобранска заштита, како  и снегобрани. Се заменуваат и  постојните оштетени и дотраени олуци. Заради поголема изолација,  објектот ќе биде обложен со нова,  енергетски ефикасна фасада.

Проектот e вреден шест милиони денари, од кои четири милиони обезбеди општина Kисела Вода, а два милиона се донација од УНДП, како дел од програмата за имплементација на мерките за енергетска ефикасност во образованието.

Екипите на фирмата изведувач „Конструктор Рената и други“ од Скопје, работат интензивно и за време на викендот за да им се излезе во пресрет на учениците што ја следат наставата во другиот дел од објектот, кој ќе се реновира по завршувањето на градежните активности во првиот.

Паралелно со реконструкцијата на училиштето, во неговиот двор, работат екипите на фирмата „Бауер БГ“. Се гради новото повеќенаменско игралиште, финансирано од  Владата на РМ, преку Агенцијата за млади и спорт. На површина од 1.300 метри квадратни ќе има два гола за мал фудбал и ракомет и четири коша. Ќе располага со сите спортски реквизити и урбана опрема и ќе биде осветлено за да се користи и навечер.

Инаку, ОУ „Кузман Јосифовски-Питу“ е изградено во 1986 година. Од тогаш во него не се вршени никакви реконструктивни зафати.  По завршувањето на градежните активности учениците ќе добијат одлични услови за одвивање на воспитно-образовниот процес, што е еден од врвните приоритети на општина Кисела Вода.

Испрати коментар

Scroll To Top