Насловна / Арт и дизајн / Инсталација која повикува во волшебниот свет на книгите

Инсталација која повикува во волшебниот свет на книгите

instalacija za citanje vo madrid_1
Делата на уметницата Dominique Gonzalez најчесто ги повикуваат посетителите на патување низ просторот и времето, а нејзината последна инсталација Hotel Splendide во Palacio de Cristal во Мадрид не е исклучок.

Идејата е да се презентира имагинарен свет каде што единствениот жител е литературата. Стаклената Palacio de Cristal, која е изградена во 1887 година како стакленик за изложби на цвеќе, уметницата го претвори во Hotel Splendide. Во него се наоѓа една тајна просторија во која се поставени на столици за нишање и распоредени книги. Големите стаклени ѕидови и атмосферата во просторот ги покануваат посетителите да седнат со книжевните ремек-дела и да отпатуваат во некој друг свет.instalacija za citanje vo madrid_2

Испрати коментар

Scroll To Top