Насловна / Архитектура / Отворена железничка станица во Италија – дело на Zaha Hadid Architects

Отворена железничка станица во Италија – дело на Zaha Hadid Architects

Завршен е и пуштен во работа првиот дел од новата железничка станица за брзи возови во близината на Неапол. Проектот е дело на Zaha Hadid Architects, и претставува дел од поширок план за подобрување на сообраќајната поврзаност во цела јужна Италија. наполи заха хадид_2

Железничката станица Napoli Afragola има интересен дизајн и вклучува одржлива технологија. Иницијално предложена во 2003 година, железичката станица неодамна свечено ја отвори италијанскиот премиер Паоло Џентилони и пуштена е во употреба на 11 јуни.наполи заха хадид_6

Моментално опслужува 18 возови со голема брзина и до 10.000 патници дневно. Меѓутоа, кога целосно ќе биде комплетирана, планирано е да опслужува 28 возови и 32.700 патници на ден. Што се однесува до конструкцијата, проектот е доста интересен и се состои од основа од армиран бетон, над која се издига големиот хол составен од 200 големи челични ребра. На врвот се наоѓа застаклениот покрив. Се работи за напредни техники (закривени бетонски елементи) кои, исто така, се користени и кај досега најпознатиот објект на Zaha Hadid Architects во Италија, односно MAXXI музејот во Рим.наполи заха хадид_5

Станицата Napoli Afragola ги има сите атрибути на еден одржлив објект. Главниот хол има ориентација која ќе овозможи максимум природна светлина. На покривот се интегрирани соларни панели, а системот за греење го користи концептот на топлинска пумпа и земјата како извор на топлина.наполи заха хадид_4 наполи заха хадид_3 наполи заха хадид_1

 

 

 

 

 

 

 

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top