Насловна / Архитектура / Отворен првиот повеќекатен скејт парк во светот, F51

Отворен првиот повеќекатен скејт парк во светот, F51

Гај Холовеј, архитект чие биро стои зад проектот наречен F51, објасни дека неговиот тим првично добил нарачка за проект за катна гаража во англискиот крајбрежен град Фолкстон.

Меѓутоа, кога блискиот парк за скејтбординг требало да се премести, од архитектите било побарано да го вградат дизајнот на новиот скејтбординг парк во решението.

1_resize

Како што наведува Гај, нивниот клиент во меѓувреме заклучил дека автомобилите се всушност „досадни“, па архитектите ги „решиле“ во својот проект и наместо тоа го направиле првиот повеќекатен скејт парк во светот.

Милиони фунти за регенерација

Клиент на проектот е Сер Роџер де Хан, локален бизнисмен и филантроп, кој од 2004 година вложил милиони фунти во регенерација на Фолкстон, вклучително и изградба на академски објект, спортски центар и реализација на бројни галерии и ателјеа.

8_resize

Покрај тоа, благодарение на него, пристаништето на ова градче е претворено во ново шеталиште, а во план е и изградба на луксузен станбен блок на брегот, пишува The Guardian.

„Тој работи спротивното од повеќето инвеститори и инвестира огромна сума пари во заедницата пред да изгради станови, наместо да го прави тоа како симболичен гест потоа“, вели Холавеј.

Овој трикатен скејт парк сместн е над боксерски клуб и кафуле и изгледа како да лебди над својата база.

13_resize

Дури може да се каже дека одредени делови од проектот потсетуваат на често нереални студентски работи, каде од едната страна може да се видат површини за фриклајбинг, додека покрај нив струјат скејтери и ги изведуваат своите познати акробации.

10_resize

На три различни нивоа задоволени се потребите на корисници од сите возрасти и способности, каде што опсегот на структури оди од плитки рампи за почетници, до „чинии“ доволно длабоки за да ги задоволат и најбестрашните скејтери.

Скулптурална симфонија на полиран бетон

3_resize

Највисокото ниво има рампи обложени со дрво и овој простор е наменет, покрај за скејтери, и за возачи на BMX, а интересен визуелен ефект на просторот даваат портокаловите греди на висина од пет метри.

На средниот кат се наоѓа „уличен парк“ кој е опремен со елементи кои му даваат изглед на урбан пејзаж, каде многу делови се направени од иверица за да може паркот лесно и брзо да се ажурира. Од овој простор се пружа поглед на ѕидот за качување.

11_resize

На првиот кат се наоѓа простор кој е карактеризиран како „скулптурална симфонија“ од полиран бетон што се нурнува и се издигнува во налети, оставајќи ги без здив набљудувачите кои ги гледаат скејтерите како се движат низ овој простор.

„Сакавме да ги имитираме корените на скејтбордингот во Догтаун“, вели Холовеј, алудирајќи на прекарот за Санта Моника во САД, каде што скејтерите во 1970-тите почнале да ги тестираат своите вештини во базени исушени по суша.

2_resize

Работата на специјализираната компанија за изградба на скејт паркови Маверик, на овој проект била доста сложена, имајќи предвид дека самиот парк се наоѓа во внатрешноста на објект.

Примарната бетонска плоча првично е излиена во калапи за да се создаде видлива конвексна долна страна.

5_resize

Скејт паркот како залог за иднината

Проектот е започнат во 2015 година и неговата реализација била одложувана неколку пати, како поради технички потешкотии, така и поради пандемијата на Ковид, но отворањето на објектот сепак е добро темпирано, имајќи предвид дека продажбата на скејтборди во Британија се зголеми за повеќе од 30 отсто во тек на минатата година.

7_resize

F51 има план да им понуди на локалните млади месечна членарина од една фунта, со оглед на нивната идеја дека скејт паркот во центарот на Фолкстон треба да биде како светилник кој им кажува на младите: „Вие сте најважниот клиент во градот, бидејќи вие сте иднина“.

12_resize

6_resize

4_resize

9_resize

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top