Насловна / Архитектура / Отворањето на реконструираниот „Сава центар“ закажано за ноември 2023

Отворањето на реконструираниот „Сава центар“ закажано за ноември 2023

Реконструкцијата на „Сава центар“ во Белград се одвива по план и неговото отворање е планирано за точно една година, во ноември 2023. Тогаш ќе биде отворен конгресниот дел со 40 сали, шопинг зона и канцелариски простор.  За работите на овој објект, минатата недела беше одржана конференција за новинарите, од страна на челните луѓе на „Сава центар“, односно компанијата Delta Real Estate и фирмата PlanRadar, чија дигитална алатка претставува една од оновациите во реновирањето на конгресниот центар.

savacentar1

savacentar2

savacentar3

 

Досега се реализирани работите на санација на конструкцијата на објектот, пескарење, импрегнација и санација на бетонските овршини на фасадата, а започнала и монтажата на стаклата со висок степен на енергетска ефикасност. Исто така, започнати се и работите на „Сината сала“, која ќе биде една од најсофистицираните сегменти во реконструкцијата на овој објект. Покрај фотонапонските панели на покривот, LED осветлувањето и озеленувањето на објектот, се вложуваат напори за енергетско и еколошко сертифицирање на објектот, со што тој ќе се вброи меѓу неколкуте конгресни центри од таков тип во Европа. Со цел работите на реновирањето на објектот да се реализираат во зададените рокови, и со максимален квалитет, компанијата Delta Real Estate користи и најсовремени дигитални алатки, како што е PlanRadar. Овој напреден софтвер за дигитална документација и комуникација во градежната индустрија овозможува едноставно управување со градилиштето и многу брзо реагирање на уочените ситуации.

savacentar4

savacentar5

Компанијата Delta Holding го купи „Сава центар“ на јавен конкурс за 17,5 милиони евра, со обврска за инвестирање на 50 милиони евра во негова реконструкција.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top