Насловна / Вести / Откриено спомен-обележје во Автокоманда

Откриено спомен-обележје во Автокоманда

spomen obelezje vo gazi baba

Во паркот во Автокоманда, беше откриено спомен-обележје на прогонуваните, судените, затвораните, убиените и упокоените за самобитноста на македонскиот народ и неговата државност од 1940 до 1991 година.
„Овој паметник ќе одбележи еден дел од историјата на Република Македонија кога за идејата за самостојна, независна Македонија многу граѓани од тогашниот комунистички режим биле затворани, прогонувани, некои убиени, а на некои им ги конфискувале имотите. Ние имаме обврска дел од таа историја да ја негуваме и да ја оставиме во наследство на идните генерации“, истакна Тони Трајковски, градоначалникот на Гази Баба.
Ова спомен-обележје е трето изградено во Република Македонија, но нема да биде и последно. Во следниот период вакви спомен-обележја ќе се изградат и во другите градови во Македонија, изјави претседателот на здружението на граѓани политички прогонувани, Никола Андоновски.

Испрати коментар

Scroll To Top