Насловна / Вести / Реконструкција на автентични стари градби во Крушево

Реконструкција на автентични стари градби во Крушево

fasadi krusevo_2

Со финансиска поддршка од Министерството за култура, во Крушево е во тек конзервацијата на куќата на ул. „Нико Доага“ број 65, која е дел од проектот на Владата на Република Македонија и на Министерството за култура за реконструкција на фасади на значајни објекти од старата градска архитектура.
Конзервацијата на објектот се одвива во неколку фази, а стручните екипи на Заводот за заштита на спомениците на културата и музеј – Прилеп во моментов интензивно работат на зацврстување на темелите и на замена на покривот на куќата. Инаку, овој објект, со конструктивна и естетска концепција типична за крушевските куќи, во изминатиот период беше со особено нарушен изглед на надворешноста. Со реализацијата на проектот, целосно ќе се зачува автентичниот изглед на фасадата на објектот кој се наоѓа во непосредна близина на галеријата „Мартиновски“ со што ќе се придонесе за оформување на една комплетна слика за градителското наследство на Крушево.
Инаку, по обновените фасади на куќите на семејството Важарови и на семејството Бинка, куќата на ул. „Нико Доага“ број 65 е трет објект на староградска архитектура со впечатлива надворешност во Крушево на кој се обновува фасадата.

fasadi krusevo_1

Испрати коментар

Scroll To Top