Насловна / Арт и дизајн / Осветлување од соништата: Концертна сала Лос Анџелес

Осветлување од соништата: Концертна сала Лос Анџелес

Поради прослаата на претстојната годишница, Los Angeles Philharmonic, медиумскиот уметник Рефик Анадол и Google Arts & Culture  се здружија за да го создадат WDCH Dreams, односно серија на дигитални уметнички проекции кои ќе донесат „светлина од соништата“ во концертната сала Walt Disney. За овој проект, Анадол и Google Arts & Culture ги „префрлиле“ комплетните дигитални архиви на   L.A. Philharmonic orchestra – над 45 терабајти слики, снимки и видео записи, во милиони податоци. Овој „универзум на податоци“ ќе биде користен од страна на длабоки невронски мрежи и ќе биде испроектиран како тридимензионален светлосен дисплеј преку заоблените геометрии на концертната сала од нерѓосувачки челик, дело на  Gehry Partners. На светлосните претстави ќе се надоврзат звучни записи од реномирани дизајнери на звукот. Музиката ќе користи селекции од архивите на филхармонијата сортирана по тематски целини. Замислено како истражување на „синергијата помеѓу уметноста и технологијата, архитектурата и институционалната меморија“ како што стои во соопштението за медиумите, „скулптурата од податоци“ ќе прими облик на вонвременските перформанси, во периодот од 28ми септември до 6ти октомври 2018. Ira Gershwin Gallery се отвора за јавноста на 28ми септември, и ќе остане отворена во текот ан целата сезона.

LAphil1

LA Phil2

LA phil3

LAPhil4

LAphil5

LAPhil6

Испрати коментар

Scroll To Top