Насловна / Вести / Во овој необичен ресторан на кров се излегува од шанк

Во овој необичен ресторан на кров се излегува од шанк

Инспирирани од работата на холандскиот уметник Moris Esher, кој бил познат по своите претстави на парадоксални и невозможни сцени, архитектите од бирото Stu/D/O осмислиле крајно необичен ентериер на ресторан. Централна точка во просторот се бетонски скали кои се протегаат низ целиот ресторан и кои имаат повеќекратна намена. Подестите и скалишните краци не служат само за движење помеѓу различни нивоа во ресторанот, имаат и функција на маси, столици и шанкови.

1
Ресторанот Nowhere се наоѓа на последен спрат во една зграда во Банког, а со оглед на тоа дека работи 24 часа, низ долгиот светларник на плафонот може да се гледа тајландското небо, пишува Contemporist. Преку мрежата од скали, минувајќи покрај гостите и сервираните тањири, за што не сме сигурни дека е практично решение, гостинот може да излезе на кровот на зградата.

2

3
Главниот проектант изјави деке „се обиделе да ја реинтерпретираат идеата „никаде (nowhere)”, која се однесува на пресекот на стварноста и надреализмот, преку користење на еден архитектонски елемент, односно скалите“.

4

Релативност на просторот

Традиционалните скали се користат за поврзување на простори на различни нивоа. Меѓутоа во овој ресторан тие добиле ново толкување, па со самото тоа и функција, па наместо да донесуваат до некаде, тие носат до „никаде (nowhere)”. Ваков принцип применил и Moris Esher во своето дело „Релативност“.

6

5
Целата мрежа од скали се протега низ целиот ресторан, вршејќи различни функции, за да последниот скалишен крак носи кон небото, симболично нагласувајќи ја пораката на концептот „Идете некаде“.

7

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top