Насловна / Вести / Осветлување на пешачката патека зад Исарот во Штип

Осветлување на пешачката патека зад Исарот во Штип

osvetluvanje na isar_3

Општина Штип ги постави канделабрите на новата пешачка патека која се гради околу градскиот Исар. До крајот на денот се очекува инсталацијата да биде завршена, а со самото тоа од вечер да биде осветлена и пешачката патека.
„Во овој момент се работи на 800 метри од патеката кои поминуваат под мостото, а во следните фази е предвидено спојување на овој дел од патеката со онаа кај камениот мост. Ќе се уредат и околу 1.200 метри зад градскиот Исар, а завршувањето на патеката ќе биде комплетно кога ќе се поврзат патеките кај влевот на Отиња во Брегалница, и во горниот дел кон Караорман. Вкупната должина на печашката патека ќе биде околу осум километри“, изјави Нада Наџинска од локалната самоуправа.
Пешачката патека е широка околу два метри и вклучува поставени клупи на растојание од околу 50 метри. Освен што поминува долж едната страна на Брегалница, предвидени се и спортски содржини на другата страна од реката, како и поставување на комерцијални содржини од типот на шанкови за кафулиња. Со уредувањето на патеката, која ќе добие и хортикултурно уредување, повишување на нивото зад Исарот за да се избегнат поплави, за првпат штипјани ќе имаат можност да видат како изгледа градскиот Исар од задната страна. Овој досега непристапен дел, ретко кој го има посетено.osvetluvanje na isar_5 osvetluvanje na isar_3osvetluvanje na isar_6

Испрати коментар

Scroll To Top