Насловна / Вести / Островот Крк ќе ја гради првата задружна фотоволтаична централа со моќност од 5MW

Островот Крк ќе ја гради првата задружна фотоволтаична централа со моќност од 5MW

Островот Крк има многу амбициозни планови во однос на обновливите извори и екологијата, и претендира да стане првиот јаглеродно неутрален остров на Медитеранот. Енергетската задруга на островот Крк, во почетокот на следната година започнува сериозно да се ангажира во проектот за изградба на првата задружна соларна централа во Хрватска. Имено, државата веќе има отстапено 15 хектари земјиште за изградба на фотоволтаична централа на островот со моќност од 5 MW.

krk3

Од задругата велат дека граѓаните ќе имаат можност да вложат од својата заштеда и низ проектот да остваруваат приход, а главниот партнер би имал максимален удел од 25%, при што условот е тој да живее и работи на островот Крк. Во однос на инсталираната технологија, се наведува дека се преферира соработка со респектабилна компанија, производител на ваква опрема. Задругарите се надеваат дека електраната би можела да започне да произведува до средината на 2020 година. Вкупната проценка на инвестицискиот потенцијал во обновливи извори на Крк подразбира околу 60MW соларни централи и околу 30MW во ветерни електрани во следните десет години.

krk2

krk1

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top