Насловна / Вести / Остров Тилос: Бисер во Егејско море кој паметно управува со отпадот

Остров Тилос: Бисер во Егејско море кој паметно управува со отпадот

Островот Тилос во Егејско море, спроведува програма за управување со отпадот кој на локалната заедница ќе и овозможи згрижување на речиси целата количина отпад преку ситемот за селекција и рециклирање. Тоа е првиот остров кој ги укинал депониите и каде над 80% од отпадот оди на рециклирање. Исто така, пред неколку години во целост преминал нa обновливи извори нa енергија. Управувањето со комунален отпад на островот започнува со селекција „на изворот“, во домаќинставта и компаниите. Секое домаќинство на островот Тилос учествува во програмата Just Go Zero, така што го селектрира домашниот отпад на рециклабилни амтеријали, оние кои не можат да се рециклираат и биолошки отпад.

tilos1

Новата програма за управување со отпадот започнала минатата година во соработка со компанијата Polygreen. Стапката на рециклирање на комуналниот отпад достигнала 86%. Градската управа ги отстранила кантите за ѓубре по улиците и во целост го укинала депониското одлагање. Така, Тилос станал првото место на светот без депонии. Во програмата Just Go Zero учествуваат сите 350 домаќинства на островот, локалната управа и стопанството.  Сите добилe посебни кеси за селекција на отпадот со QR код. Во функција е и апликација преку која граѓаните можат да го проверат „сопствениот придонес“. Собирањето на селектрираниот отпад се врши „од врата до врата“ во одредени денови, и се носи во локалниот центар за циркуларна економија изграден на местото на поранешната депонија. Таму се подготвува за рециклирање, компостирање или спалување (за добивање енергија).

tilos2

Островот покрива речиси 100% од енергетските потреби од обновливи извори. На Тилос е изградена првата хибридна електрана во Грција, а електричната енергија од ветерните и соларни електрани се складира во батерии. На тој начин овој остров со нешто над 500 жители станува и енергетски независен. Сите програми се спроведуваат низ тесна соработка помеѓу локалните власти, бизнисот и граѓаните.

 

Испрати коментар

Scroll To Top