Насловна / Дневни Вести / Тирана најзагадена европска метропола

Тирана најзагадена европска метропола

tirana.jpgТирана – Стручните лица од Институтот за јавно здравство тврдат дека не само што нивото на загаденост на воздухот во Тирана ги надминал нормите воведени од ЕУ и Светската здравствена организација (СЗО), туку дека тоа е и неколкупати повисоко.

– Еден од проблемите на загадувањето останува честичките прашина, чие ниво е зголемено за четирипати, вели Агрон Делиа од одделот за мониторирање на воздухот при Институтот.

 

Според него главната причина за ова е лошата состојба на улиците во градот, јави дописникот на МИА од Тирана.

 

Дека Тирана е најзагадена европска метропола потврдува и албанскиот заменик министер за животна средина, Таулант Бино, според кого тоа е последица на недостиг на зелени површини, како и лошата патна инфраструктура и работите кои се одвиваат на нив при што не се почитуваат нормите за заштита на околината.

 

За првпат од пред еден месец се врши мерење на загадувањето од две места, едното е центарот на Тирана со современа апаратура донација на германската Влада. (МИА)

Испрати коментар

Scroll To Top