Насловна / Архитектура / Односот на куќата и реката Уна во Босанска Крупа

Односот на куќата и реката Уна во Босанска Крупа

На бреговите на десната притока на Сава, на излезот од кањонот на реката Уна, на самиот почеток на градот Босанска Крупа, се наоѓа инспиративна локација каде што реката нагло го менува својот правец и со тоа ја опкружува локацијата од три страни.

Од едната страна, преку реката Уна, се издига рид со видливи камени карпи како продолжение на природната структура на кањонот, а од другата страна поблаги падини со веќе видлива станбена изградба и почетоци на урбан пејзаж.

Според проектот доверен на In/Out Arch, биро од Бихаќ, положбата и ориентацијата на објектот треба да ги усогласат сите околни контексти, почитувајќи ги страните на светот и односот на куќата со реката, и на најдобар можен начин, да овозможат пријатен престој.

Викенд куќа во облик на буквата L

Авторите на проектот објаснуваат дека оваа викенд куќа се состои од два дела во однос на распоредот/функционалноста, конструкцијата и обликувањето.

„Следствено на тоа, куќата е формирана во облик на буквата L, така што во едното ‘крило’ се сместени спални соби со помошни простории, а во другото ‘крило’ дневната соба со трпезарија и кујна кои имаат продолжение на голема покриена тераса“, велат од бирото од Бихаќ.

„Крилото“ еден, ноќната зона, е цврста масивна конструкција од тули, со помали отвори на фасадата кои се нагласени со длабоки дрвени шпалетни врамени во камената фасада, давајќи му на корисникот чувство на сигурност и спокојство во период на денот кога се користи овој дел од куќата.

„Крилото“ два, дневната зона, е лесна дрвена ламинирана конструкција со столбови и греди, чија празнина ја исполнуваат големи стаклени површини кои ја апсорбираат околната природа, се соединуваат со неа и даваат чувство на поврзаност со локацијата, објаснуваат од бирото.

Елементите што ги поврзуваат овие две навидум различни целини се камениот под околу целиот објект, како и покривот, кој е нагласен со голема дрвена стреа што ја обвиткува целата куќа, правејќи ја единствена целина.

Обложена со дрво на долната страна, стреата обезбедува длабоки сенки во летните денови што овозможуваат пријатен престој во објектот.

Враќање кон дрвото

Големите лизгачки стаклени ѕидови отворени кон реката и покриената тераса даваат можност за проширување и поврзување на внатрешниот и надворешниот простор, со што престојот во објектот станува попријатен. „Тие му даваат можност на корисникот да ужива во природната средина во периоди на различни сезони, а со тоа и различни временски услови“, велат од In/Out Arch. и додаваат:

„Начинот на редење камен, начинот на спојување на дрвото, како и деталите за поврзување на различни материјали, без видливи спојни елементи, со нагласени конструктивни елементи од дрво, нагласени дрвени шпалетни, асоцираат и не враќаат во времето и методот на градба кога овие материјали се користеле како примарни конструктивни елементи, со што се зачувува дел од традицијата на овие простори.“

Испрати коментар

Scroll To Top