Според анализата на платформата Numbeo, која ги споредува податоците за трошоците во градовите од над 600.000 корисници, најголем број од градовите во Швајцарија се меѓу најскапите во светот. Првите шест места на листата ги заземаат: Цирих, Женева, Базел, Лозана, Лугано и Берн. Меѓу дессете најскапи градови на светот се Њујорк на седмото, Хонолулу на деветото и Сан Франциско на десетото место. На осмата позиција во топ 10, се наоѓа Рејкјавик.

Платформата го пресметува т.н „индекс на трошоци на живот“, кој се базира на низа секојдневни трошоци, вклучувајќи ги цените на намирниците, посета на ресторани, јавен превоз, гориво, како и трошоци за електрична енергија, греење, вода и интернет. Важно е да се истакне дека цените на недвижностите не се вклучени во овој индекс.
За споредба на градовите на глобално ниво се користи Њујорк како референтна точка со индекс 100. Градовите со индекс повизок од 100 се поскапи од Њујорк, додека оние со индекс понизок од 100 се поефтини. Анализата ја зема во предвид и локалната куповна моќ врз основа на просечната плата. На пример, Минхен како најскап германски град се наоѓа на 52-ро место и има индекс 76,1, што значи дека трошоците за живот таму се за околу една четвртина пониски отколку во Њујорк. На дното на листата се градовите со најниски трошоци за живот, главно градови во Индија. Целата листа можете да ја погледате на следниот ЛИНК.
Порта3 – градежништво, архитектура и екологија Порта3 – градежништво, архитектура и екологија