Насловна / Архитектура / Одморалиште кое гарантира несекојдневно искуство

Одморалиште кое гарантира несекојдневно искуство

Сферичното одморалиште високо 224 метри го креирале проектантите Sandra G. Matthews и Michael R. Henderson. Гостите ќе можат да доживеат искуство слично на пат на Месечината. Авторите се надеваат дека својот проект ќе го реализираат на четири локации ширум светот. Одморалиштето е наречено Moon (Месечина), а се состои од сферична челична конструкција која го опкружува хотелот и претставува атракција која ја имитира површината на Месечината.

moon1

Henderson истакнува дека ова ќе биде целосно интегрирано, современо, луксузно одморалиште кое нуди единствено искуство. Сферата ќе биде прекриена со композитен материјал од јаглеродни влакна и би вклучувала и фотонапонски панели за напојување на објектот. хотелот од 20 ката е сместен во рамките на сферата и ќе вклучува и т.н „лунарна колонија“. Колонијата ќе ја претставуваат повеќе глобални корпорации и вселенски агенции, кои ќе ја презентираат својата технологија, а проектот предвидува и универзитетски кампус. Henderson и Matthews ја основале организацијата Moon World Resorts за да го лиценцираат концептот Moon, со цел изградба на вакви објекти во Северна Америка, Европа, Блиски Исток и Азија. Организацијата планира првиот ваков објект да биде изграден во Дубаи. Нивната процена е дека изградбата на секое одморалиште ќе чини 5 милијарди долари и дека ќе привлече дури 10 милиони посетители годишно.

 

 

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top