Насловна / Арт и дизајн / Во Хрватска започна сликање на климатски мурали

Во Хрватска започна сликање на климатски мурали

Едно училиште во Осиек е првото во низата во кое проблематиката на климатските промени се приближува на учениците, но и на пошироката јавност , на креативен и интересен начин – преку сликање на климатски мурали како траен потсетник на климатските промени. Муралот во Осиек, кој настана минатиот викенд, го прикажува контрастот помеѓу одржливиот и неодржливиот свет, светлата иднина и иднината каква ни претстои доколку не ги адресираме климатските промени.

klimatskimural1

klimatskimural2

 

Станува збор за активност во склоп на иницијативата „ЕУ климатски пакт“, поддржана од Европската комисија и еколошките здруженија. Во исто време одржана е и едукативна интерактивна работилница за учениците за климатските промени. Работилницата ја одржа светската организација за заштита на природата WWF. Освен претставувањето на темата на интересен и забавен начин, учениците преку групна работа самите ги детектирале причините за одредени климатски проблеми, предлагале решенија и сл. Серијата мурали, како и климатските и graffiti работилници, започната во Осиек, во следните неколку недели ќе се спроведе во уште три хрватски градови – Риека, Сисак и Загреб.

klimatskimural3

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top