Насловна / Вести / Почеток на бродска линија Подградец-Охрид-Струга

Почеток на бродска линија Подградец-Охрид-Струга

ohrid-brod-652

Албанскиот министер за транспорт Едмoнд Хаџинасто при престојот во Подградец најави почеток на бродската линија Подградец-Охрид-Струга.
„Врз основа на договорот меѓу министерствата за транспорт на Македонија и на Албанија, бродската линија ќе профункционира од 15 јуни се до 15 септември, што значи за главната туристичка сезона. Нејзиниот старт ќе даде нов импулс за развој на туризмот во Поградец“, изјави Хаџинасто.
Тој истакна дека реконструкцијата на пристаништето се прави со цел да се воспостави бродската линија со Охрид, и дека е убеден дека ќе даде еден целосно нов импулс за сите туристички услуги во Подградец и за сите други оператори кои ќе бидат заинтересирани.
Стартувањето на бродската линија Подградец- Охрид-Струга е најавувана со години наназад.

Испрати коментар

Scroll To Top