Насловна / Вести / Од денес на улицата „Орце Николов“ во Дебар Маало смеат да се паркираат само станарите

Од денес на улицата „Орце Николов“ во Дебар Маало смеат да се паркираат само станарите

На улицата „Орце Николов“ во Дебар Маало, Скопје од денес може да се паркираат само жителите на околните куќи и згради. ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ – ПОЦ, воведе резидентно паркирање на овој потег за да има место за станарите, бидејќи со реновирањето на улицата намален е бројот на паркинг места.

„Паркинг местата на потегот од бензинската пумпа ‘Макпетрол‘ до улицата ‘Рузвелтова‘ ќе бидат резидентни паркиралишта наменети за станарите коишто живеат во опфатот на станбените единици со непарни броеви од бр.69 до бр.147 и со парни броеви од бр.84 до бр.146. Сите жители коишто живеат на оваа улица и поседуваат сопствено патничко моторно возило треба да извадат повластена паркинг карта. Жителите коишто веќе поседуваат повластена паркинг карта за Зона Ц треба да направат промена на зоната со цел да можат непречено да ги користат резидентните паркиралишта“, велат од претпријатието.

Од денес, сите возила кои ќе бидат затекнати на улицата „Орце Николов“, а не се на резиденти односно на станари, ќе бидат казнети, ќе им се постави блокатор или ќе бидат подигнати од пајак возилата.

or

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top