Насловна / Арт и дизајн / „Casa“ Dolce & Gabbana со два нови бутика во Милано

„Casa“ Dolce & Gabbana со два нови бутика во Милано

Шарената колекција „Casa“ Dolce & Gabbana“ го најде својот „дом“, а познатото дизајнерско дуо отвори не една, туку две луксузни продавници во Милано.

1_resize

Поточно, бутиците се отворени во областите на Corso Venezia и Via Durini, давајќи им можност на љубителите на италијанската модна куќа одблизу да откријат колекција која е ода на елеганцијата made in Italy и безвременскиот дизајнерски идентитет на куќата.

3_resize

Можеби многумина се прашуваат зошто се отворени два бутици, но има многу купувачи кои се во потрага по голем мебел за својот дом, додека други претпочитаат додатоци за декорација или луксузни ткаенини. На овој начин куќата ги споделува своите колекции за домот, според потребите на своите клиенти.

0_resize

01_resize

Доменико Долче и Стефано Габана изјавија: „Сакавме две различни продавници, секоја посветена на одредени категории на нашите артикли, но во исто време да се надополнуваат. Бутикот на Corso Venezia 7 располага со додатоци – перници, јоргани со принт, сатови од мурано стакло и сицилијанска керамика, миризливи свеќи и аксесоари од лакиран дрво. Мебел – од големи софи до лакирани дабови маси – е достапен во другата продавница на Via Durini 23“.

2_resize

И двете продавници му пристапуваат на максимализмот на најсовремен начин. Секој од четирите препознатливи отисоци од колекцијата Casa – Mediterranean Blue, Zebra, Leo и Carretto имаат своја точка во бутиците и се втиснати на теписи, тапети, керамика итн. Позадината е едноставна, како намерен избор на Dolce & Gabbana, кои одлучија ентериерите на продавниците да останат неутрални, за да може нивниот дизајн да биде во фокусот.

03_resize

„Волумените и дизајнот на просторот се модерни и линеарни. Неутралноста на белата, црната и сивата боја ја прави креативноста на колекцијата протагонист“, објаснуваат од дизајнерското дуо. „Со колекцијата се фокусиравме на италијанското „fatto a mano“: плетени парчиња, мозаици, рачно насликана керамика, но и лак, кој беше основа на речиси целиот мебел и декор“, додава дизајнерите.

4_resize

Преку оваа колекција, Dolce & Gabbana уште еднаш внесува иновации во областа на дизајнот на ентериери и откриваат дека се „опседнати“ со столици, бидејќи ги сметаат за симбол на гостопримството. Колекцијата Casa првпат беше претставена на изложбата Alta Moda минатиот август и особено се истакна меѓу љубителите на дизајнот. Преплавена е со препознатливи дезени и светли бои, при што секое парче има своја приказна, целосно изразувајќи го единствениот дизајн на ДНК на куќата, кој црпи инспирација од природата и вилите од минатите децении.

Филозофијата art of living е онаа на која се фокусирале дизајнерите, при што колекцијата стана најбарана во моментов, но и засекогаш.

06_resize

05_resize

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top