Насловна / Архитектура / Од 2028 година сите проекти во Србија во БИМ технологија

Од 2028 година сите проекти во Србија во БИМ технологија

Од 1. јануари 2028 година сите проекти во Србија ќе треба да се проектираат со БИМ технологија, најави министерот за градежништво, транспорт и инфраструктура Горан Весиќ.

На отворањето на конференцијата „БИМ и инфраструктурата“ во Стопанската комора на Србија (ПКС), на која преку примери од пракса е претставена примената на БИМ технологиите во инфраструктурните проекти, министерот изјави дека една од причините зошто е даден одложен рок за примена на овие технологии, е да можат проектантските бироа да ја подготват и набават потребната опрема.

б1

„Кога ги донесовме измените на Законот за планирање и градење, најреволуционерната промена во тој закон се однесува на БИМ, дигиталната методологија. Постои и директива на ЕУ за јавни договори, која предвидува дека сите учесници во јавниот сектор мора да ја користат БИМ технологијата“, нагласи Весиќ и додаде дека опремата неопходна за БИМ методологијата не е евтина и затоа со ПКС се преговара за поттикнувања што би можеле да се креираат од следната година, за да можат оние што сакаат да ја набават оваа технологија да ги добијат.

b2

Министерот објасни и дека БИМ технологијата е важна бидејќи во наредниот период ќе се донесе уште еден закон, а тоа е Законот за одржување на инфраструктурата.

Со овој закон Србија за прв пат ќе има еден вид катастар, односно вистински регистар на комплетната инфраструктура.

Според министерот, со овој закон ќе се дефинираат управителите на секој инфраструктурен објект, без разлика дали се работи за мост, подвозник, надвозник, пат, трафостаница, односно се што припаѓа на инфраструктурата.

Па така, БИМ технологијата, односно новиот тренд во дигитализацијата и градежната индустрија, е една од алатките на иднината која се покажала како најпрактична во светот и која ја зголемува конкурентноста на секоја компанија.

Испрати коментар

Scroll To Top