Насловна / Вести / Ново зеленило и 780 садници во населба Пролет

Ново зеленило и 780 садници во населба Пролет

naselba prolet novo zelenilo_resize

Општина Центар започна голема акција за обновување на зеленилото и тревните површини во населбата Пролет. Како што информираат од општина Центар, овој дел на Скопје ќе го красат 779 садници и ќе придонесат за почист квалитет на воздухот во воздушно најзагадениот дел од градот. Овој проект на општина Центар чини девет милиони денари.
Садниците ќе имаат автоматски систем за наводнување. Во овој дел досега немаше вода и затоа се копаат бунари за наводнување со техничка вода.
Ќе има 16 видови садници и тоа декоративни зимзелени дрвја, високо-родни садници, јавори, магнолии и грмушки.

Испрати коментар

Scroll To Top