Насловна / Вести / Нова објава за парцели во населбата Јака

Нова објава за парцели во населбата Јака

Objava-juli-2014-fin-cut_resize

Општина Илинден распиша нова објава во која се нудат парцели во новата населба Јака со намена за изградба на А1- домување во станбени куќи со компатибилни класи на намени: Б1, В1 и Д3. Досега во оваа нова населба од понудените 340 парцели, сопственици добиле околу 300, а како што информираат од локалната самоуправа, интерес покажуваат жители од повеќе градови од Македонија.

Илинден е една од ретките општини во државата која привлекува нови жители со бројни поволности за изградба на куќа на нејзината територија. Веќе неколку години за во новите населби и локалитети во предградието на Скопје како што е Јака парцелите за изградба на станбена куќа се продаваат по многу ниски цени, и тоа за 150 денари за метар квадратен, а освен со цената, заинтересираните се привлекуваат и со бесплатни четири архитектонски проекти за изградба на семејни куќи.

Заинтересираните можат да наддаваат за понудените парцели по пат на електронско јавно наддавање, а пријавите за учество може да се достават до 14.7.2014 година.

Детални информации за парцелите, нивната големина како и местоположбата во населбата може да се видат на веб-страната на Општината, www.ilinden.gov.mk, каде што има табела во која се наведени податоци за секоја понудена градежна парцела, намената на градежната парцела, вкупната површина, површината за градење, катноста, процентот на изграденост, коефициентот на искористеност, почетната цена по метри квадратни и вкупната почетна цена и депозитот за учество на јавното наддавање.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top