Насловна / Вести / Нова постојка пред Соборниот храм за меѓуградски автобуси

Нова постојка пред Соборниот храм за меѓуградски автобуси

skopje12

Нова автобуска постојка за меѓуградски автобуси ќе се обележи на булеварот „Партизански одреди“ пред Соборниот храм за меѓуградски превоз на патници. Оваа локација веќе ја користат патниците и превозниците од другите градови и секојдневно може да се забележи дека граѓаните овде го чекаат својот автобус, но сега стојалиштето ќе се регулира и уреди со посебна одлука на Град Скопје, пренесува „Плусинфо“.
Од Градот сметаат дека новата автобуска постојка ќе им биде од полза на граѓаните кои патуваат до Скопје, оти ќе овозможи да се симнат од автобусот поблиску до некои здравствени установи, образовни институции – во секој случај, ќе може да се симнат во самиот центар на градот.
Освен тоа, за истата намена ќе се постават уште три нови постојки, кои треба да го олеснат движењето низ градот на патници од другите градови. Патниците ќе можат да фатат автобус за друг град и од локацијата кај „СП Планет“ во Ѓорче Петров. Стојалиштата ќе се користи во двете насоки така што на овие локации патниците ќе можат и да слезат од автобусот. Локацијата во Ѓорче Петров претставува најистурената точка во западниот дел од градот, сметаат од Министерството за транспорт и врски, и затоа се регулира на овој начин.
Ниту студентите од другите градови од источните и југоисточните делови на земјава сместени во студентскиот дом „Стив Наумов“ повеќе не ќе мора да фаќаат превоз од меѓуградската автобуска станица во Транспортен центар, затоа што е предвидено ново стојалиште кај хотел „Континентал“ на булеварот „Александар Македонски“.
Вработените во фабриките од овој регион ќе можат да фатат меѓуградски автобус и од автобуското стојалиште „Алкалоид“ на булеварот „Александар Македонски“. Оваа локација, сметаат од Министерството, претставува најистурена точка во источниот дел на Скопје, овде има најголема концентрација на патници од источниот дел на републиката, а поради големиот број на индустриски објекти, додаваат од таму, претставува цел на дневни миграции.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top