Некогаш необичен музејски простор денес е претворен во омилена шармантна локација во Лондон, која неодамна ги отворила своите врати за посетителите. Ресторанот Edwins сместен на улицата High Street е именуван според поранешниот сопственик, кој уште во 1893 година во тој простор имал музеј на препарирани животни.
Денес е убав ресторан во тивок крај на лондонската улица дизајниран како идеално место за лесен ручек или вечера. Ентериерот го задржал духот на поранешните времиња, така што секој посетител се чувствува како да седи во дневна соба од Викторијанското доба, што го прави посебен. Се служат современи британски јадења, а Британците веќе го прогласиле за неизбежна гастрономска дестинација.