Ново електронско издание – прв модул од серијата прирачници за проектирање на конструкции за станбени објекти според Еврокодови, сега достапен и на македонски јазик.
НОВО ИЗДАНИЕ – ПРОЕКТИРАЊЕ КОНСТРУКЦИЈА ЗА СТАНБЕН ОБЈЕКТ
Модул #𝟭 – Дејства
Што содржи овој прирачник?
- Детална пресметка на сите дејства според Еврокодовите
- Практични примери за пресметка на постојани и корисни дејства
- Анализа на дејства од снег, ветер и земјотрес
- Земјен притисок на подрумски ѕидови
- Ефекти од несовршености
- Комбинации на оптоварувања за ГСН (ULS) и ГСУ (SLS)

Што го прави овој прирачник посебен?
Македонската верзија е целосно прилагодена со националните параметри (NDP) од Еврокод стандардите и содржи дополнително поглавје за сеизмички дејства, што не е присутно во оригиналната англиска верзија.
За авторите:
- Лаурин Ернст – Градежен конструктор и основач на Structural Basics, со богато искуство во проектирање на различни видови конструкции
- Проф. д-р Сергеј Чурилов – Редовен професор на Градежниот факултет во Скопје, со над 20 години искуство во проектирање, ревизија и анализа на градежни конструкции
Идеален за:
- Студенти по градежништво
- Инженери кои работат со Еврокодови или сакаат да ги освежат и прошират своите знаења
Набавете го вашиот примерок во електронска форма:
Стандардна цена за македонското издание: https://pages.structuralbasics.com/products/mk/loads-on-residential-buildings
Цена за студенти (со попуст): https://pages.structuralbasics.com/products/mk/loads-on-residential-buildings?promo=19GCIH6827
Овој прирачник е резултат на соработката со Laurin Ernst од Structural Basics, кој несебично го сподели своето знаење и искуство. Благодарност до него за оригиналната верзија и можноста да ја адаптираме за македонскиот пазар.
Порта3 – градежништво, архитектура и екологија Порта3 – градежништво, архитектура и екологија