Насловна / Арт и дизајн / Новиот iPhone 8 Plus ќе биде направен целосно од стакло

Новиот iPhone 8 Plus ќе биде направен целосно од стакло

Како што велат од компанијата „Епл“, новиот  iPhone 8 Plus ќе биде направен целосно од стакло.

Говорејќи на годишниот состанок на инвеститорите, Ален Хорнг, претседател на компанијата Catcher Technology, која го произведува телефонот, рече дека компанијата „Епл“ во 2017 година ќе биде одбележена со телефон направен целосно од стакло.стаклен ајфон (5)

„Колку што знам, само еден модел ќе има во стаклено куќиште следната година”, им рече Хорнг пред неодамна, сугерирајќи на тој начин дека компанијата „Епл“ планира да понуди неколку верзии на iPhone 8 моделот.стаклен ајфон (1)

Хорнг додал дека овој потег ќе биде доста скап потфат и бара посебно напредно процесуирање и иновативна технологија, со цел да се изврши на вистински начин, и нагласи дека стаклото мора да биде засилено со метална рамка.стаклен ајфон (4)

Исто така, „Епл“ инсајдерот, Џон Грубер, изјави дека новиот iPhone ќе има стаклено куќиште, со дисплеј од крај до крај. Тој дури наслушнал дека копчето за Home ќе биде интегриран во самиот дисплеј.стаклен ајфон (1) стаклен ајфон (2) стаклен ајфон (3)

Испрати коментар

Scroll To Top