Насловна / Вести / Кино на соларна енергија

Кино на соларна енергија

Kino na solarna energija1

Brings unseen films to unusual places!“ – е слоганот зад кој стои холандската компанија Solar World Cinema, идејниот зачетник на концептот за кина на соларна енергија, кино кое е достапно за сите.  „Open air“ киното кое во целост е самоодржливо минатиот викенд беше претставено во паркот Максимир во Загреб. Се работи за извонреден медиум за забава, но и едукација, така што многумина се убедени дека Solar World Cinema претставува иднина на филмските проекции.

Kino na solarna energija

Имено, фотоволтаичниот систем поставен на едно комби возило ја собира сончевата енергија во текот на денот и ја овозможува филмската проекција под отворено небо. Овој концепт во Холандија е воведен уште во 2006та а подоцна е проширен во Јужна Америка и познат е уште под името „еко кино“. Целта е да се воспостави мрежа на соларни кина низ целиот свет.

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top