Насловна / Вести / Нови Сад, Европска престолнина на културата 2022: Бројни програми посветени на Милева Ајнштајн, но и на модата на Јованка Броз

Нови Сад, Европска престолнина на културата 2022: Бројни програми посветени на Милева Ајнштајн, но и на модата на Јованка Броз

Нови Сад и официјално ја понесе титулата „Европска престолнина на културата“ за 2022 година. Церемонијата е одржана во тамошното „Српско народно позориште“, а Emanuele Giaufret, шефот на делегацијата на ЕУ во Србија, му ја врачи плакетата на градноначалникот Милош Вучевиќ. Притоа е претставена и комплетната програма, во која преку целата година градот ќе биде домаќин на 1500 културни настани во кои ќе учествуваат повеќе од 4000 уметници. Програмата е поделена во осум програмски сегменти, а произлегува од слоганот „За нови мостови“, односно идејата за изградба на нови мостови за културна соработка и размена. Меѓу останатите содржини, вниманието го привлекуваат џез концерти, изложби на графики и фотографии, промоција на книгата „Првата хероина во српската наука – Милева Мариќ Ајнштајн“, како и изложбата „Колекцијата на Јованка Броз“.

novisad1

novisad2

novisad3

novisad4

 

Испрати коментар

Scroll To Top