Насловна / Вести / Нови пешачки зони во центарот на Скопје

Нови пешачки зони во центарот на Скопје

jas i ti_2

  Општина Центар во текот на наредните месеци ќе работи на неколку проекти со кои ќе се зголеми јавниот простор наменет за граѓаните. Во текот на април треба да стартува изведбата на боемската улица во Дебар маало, која ќе се простира на површина од 1.800 метри квадратни, долж целата улица Ѓорѓи Пешков спроти фонтаната „Лотус“ во Градскиот парк. Паралелно со овој проект, планирана е и реконструкцијата на улицата Ленинова, на потегот од булеварот Партизански одреди до булеварот Мито Хаџивасилев Јасмин. На овој дел ќе се постават нови тротоари и осветлување, а ќе се санира и коловозот. За овие два проекти беа распишани тендери во текот на февруари.

  Локалната самоуправа од Центар во моментов работи на реконструкцијата на улицата 8-ма Ударна бригада и Лермонтова кај Италијанската амбасада. Наредните недели целосно ќе се заврши овој зафат, со кој скопјани ќе добијат уште една репрезентативна улица во строгиот центар, слична на шеталиштето кај хотелот „Јадран“ и улицата Никола Вапцаров. Впечатливи интервенции во запуштениот простор се предвидени и преку изведбата на неколку мали плоштади, по примерот на оној на раскрсницата меѓу булеварот Партизански одреди и улицата Ленинова.

  Само во текот на оваа година ќе бидат изведени шест нови плоштади долж главните булевари Партизански одреди, Климент Охридски и Теодосиј Гологанов, како и на паркингот пред кафе – барот „Мистер Џек“. Општина Центар предвидува да го уреди и јавниот простор пред трговскиот центар „Буњаковец“ по целата негова должина, вклучувајќи партерно уредување и поставување на нова урбана опрема за граѓаните.

 jas i ti_1

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top