Насловна / Вести / Енергетските објекти привлечни за приватниот капитал

Енергетските објекти привлечни за приватниот капитал

solarni

  Интересот за инвестирање во енергетски објекти што ја искористуваат обновливата енергија не спласнува. Најновите податоци на Агенцијата за енергетика покажуваат зголемување на бројот на соларни електрани и мали хидроелектрани во земјава. Во Регистарот на електроцентрали што произведуваат електрична енергија од обновливи извори во периодот до 19 март годинава се вметнати вкупно 38 фотоволтаични електрани и 29 мали хидроелектрани. Вкупната инсталирана моќност на енергетските објекти што го ползуваат сонцето изнесува 8,33 мегавати, при што истите би можеле на годишно ниво на произведат 11.145 мегават часови електрична енергија. Инсталираната моќност на малите хидроелектрани се зголемила на 18,08 мегавати, со што од овие енергетски капацитети можат да се добијат 77.332 мегават часови електрична енергија годишно.

  Во споредба со последното евидентирање на Агенцијата за енергетика од август минатата година, во официјалната документација се внесени осум нови фотоволтаични електрани и седум мали хидроелектрани. Овие енергетски објекти во помал обем допринесуваат и за намалување на зависноста од увозна енергија на земјава, бидејќи само од нив се добиваат дополнителни 21.347 мегават часови електрична енергија на годишно ниво.

 

Испрати коментар

Scroll To Top