Насловна / Вести / Нови 60 решенија за легализација во Ѓорче Петров

Нови 60 решенија за легализација во Ѓорче Петров

gorce petrov

Во големата сала за состаноци на Општината Ѓорче Петров,  доделени се 60 нови решенија за легализација.

Со процесот на легализација, општината може да носи нови урбанистички планови во кои ќе ги впише новолегализираните објекти, а граѓаните ќе станат сопственици на своите имоти и ќе имаат право да го остават својот имот во наследство на своите поколенија.

Градоначалникот Митровски упати апел го граѓаните на општината Ѓорче Петров да ги посетат надлежните служби за легализирање на објектите и да се информираат што им недостасува за докомплетирање на елаборатите за поефикасно издавање на решенијата.

Крајниот рок за доставување елаборат 31 Декември 2015 година,  со цел да им се излезе во пресрет на граѓаните и геодетските компании.

Испрати коментар

Scroll To Top