Насловна / Архитектура / Новата највисока набљудувачница во Њујорк е изработена од фински челик и германско стакло

Новата највисока набљудувачница во Њујорк е изработена од фински челик и германско стакло

Посетителите на Њујорк од март 2020 година ќе може да уживаат во феноменалниот поглед. Проектот за набудувачницата е потпишан од Kohn Pedersen Fox (КПФ) и благодарение на оваа структура, монтирана на конзола долга 25 метри на рекордни 345 метри, ќе бидат откриени невидени погледи на градот. Погледот ќе биде на западен Њу Џерси и и остатокот од државата Њујорк, а на јасен ден можете да видите сè на 120 милји. Кога ќе се отвори, оваа набљудувачница ќе биде официјално највисока во западната хемисфера.Nujork

Објектот за набудување ќе биде поставен на зградата подигната од Хадсон Јардс, најголемиот инвеститор на приватни недвижности во историјата на САД. Нивните проекти драматично трансформираа огромен простор во Њујорк, а создадено е ново соседство во комбинација на станбени единици, канцеларии, хотели и малопродажни места.

Nujork1

Она што е особено интересно за професијата е како се прави оваа набудувачница. Имено, станува збор за конзолна конструкција направена од Schlaich Bergermann Partner од 15 челични делови, а целата структура е прикачена на источните и јужните фасади на зградата.

Nujork2

Секој сегмент е произведен и склопен во фабрика во Италија за да може да се направат сите потребни проверки. Тогаш елементите се демонтирани и транспортирани до пристаништето, од каде се пренесени до Њујорк.

Набудувачката палуба е ограничена со 79 транспарентни стаклени панели произведени во Германија и завршени во Италија, пренесува ArchDaily.

Nujork3

Долната страна од палубата за набудување е обвиткана со триаголни сјајни панели од не’рѓосувачки челик, кои имаат релјефна структура и создаваат динамичен одраз.

Набудувачката палуба е организирана преку две нивоа, односно на 100 и 101-ти кат од зградата и е меѓусебно поврзана со надворешно скалило.

Nujork4

Nujork5

Nujork6

Nujork7

Nujork8

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top