Насловна / Вести / Нова закана од морското дно на Антарктикот

Нова закана од морското дно на Антарктикот

Научниците неодамна за прв пат забележале испуштање на емисија на метан од морското дно на Антарктикот.
Тие веруваат дека ова откритие може да биде голема причина за загриженост затоа што се претпоставува дека огромни количини на метан се наоѓаат под морското дно, а се предвидува дека овој феномен ќе го снимаат многу почесто во иднина.

Iceberg, ice floe, in the southern ocean, 180 miles north of East Antarctica, Antarctica
Според научните студии, големите емисии на овој гас ќе бидат последица на климатската криза, што ќе доведе до затоплување на океаните.
Откриено е и дека во последните пет години има се помалку и помалку микроби кои го користат овој штетен гас, што придонесува за ефектот на стаклена градина, уште пред да стигне во атмосферата и дека на овој начин понатаму се олеснува патот на метанот низ воздухот.

Antarktik2
Научниците веруваат дека ослободувањето на метан од подводни складишта или од пермаформ е една од главните показатели дека глобалното затоплување станува незапирливо, пренесува Енергетскиот портал.
Отежнувачка околност е недостапноста на областа на Антарктикот, каде преку одредени научни истражувања веројатно би било можно попрецизно да се проценат опасностите што нè очекуваат, но и да се најде потенцијално решение за забавување на овие процеси, кои значително се забрзуваат со топењето на мразот.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top