Насловна / Ентериери / Нова продавница на „Прада“ во Шангај

Нова продавница на „Прада“ во Шангај

prodavnica na prada vo sangaj_6

На почетокот на јуни, „Прада“ отвори уште една продавница во Шангај, дури петта по ред. Се наоѓа во трговскиот центар L’Avenue и овој простор се протега на 100 квадратни метри, кој е дизајниран од страна на италијанскиот архитект Roberto Baciocchi. Низ целата продавница се протега мотивот на кристална завеса која го опфаќа предниот дел од дуќанот, давајќи му футуристички тон. Приземјето се однесува на женската облека, а кат подолу е сместен машкиот оддел. prodavnica na prada vo sangaj_3

Овие два одддела се поврзани со елегантни мермерни скали. Галеријата е декорирана во еден препознатлив стил на „Прада“: црно-бел мермер на подот и минималистички челични полици со стакло ги чуваат ексклузивните модни додатоци како чанти, шалови, ракавици и капи. Просторијата со чевли e опремена со луксузни Verner Panton софи, преслечени со зелено кадифе кои се специјално дизајнирани за „Прада“.prodavnica na prada vo sangaj_7 prodavnica na prada vo sangaj_5 prodavnica na prada vo sangaj_4 prodavnica na prada vo sangaj_2 prodavnica na prada vo sangaj_1

Испрати коментар

Scroll To Top