Насловна / Вести / Нов сквер на улица „Пиринска”

Нов сквер на улица „Пиринска”

Општина Центар ги завршува градежните работи на новиот сквер на улица „Пиринска“.

Скверот е со површина од 290 м2 и е поплочен со комбинација од природен гранит и травертин.

Доминараат мултифункционалните урбани елементи, клупа и вградени држачи за велосипеди. Амбиентот го дополнуваат две високи дрвја- ликвидамбери, кои во лето ќе бидат природен чадор за сонце.сквер на пиринска

На скверот ќе има пет жардинери со густо зеленило, а ќе биде осветлена со канделабра и 17 амбиентални светилки“, соопштуваат од Општина Центар.

Скверот е во непосредна близина на зградата чија фасада лани беше реконструирана од страна на општината, гледа на булевар „Климент Охридски“ и Соборниот храм.

„Ова е ново место за одмор во општина Центар, како за жителите на околните згради, така и за минувачите. Веќе се насетува автентичниот урбан белег, по кој ќе биде препознатлив“, пишува во соопштението на Општина Центар.

Испрати коментар

Scroll To Top