Насловна / Вести / Нови таблички со куќни броеви во населеното место Визбегово

Нови таблички со куќни броеви во населеното место Визбегово

Екипи на Град Скопје во координација со месната заедница, неделава ќе постават 1.200 таблички со куќни броеви во  населеното место Визбегово,  односно на: улица 1, улица 2, улица 3, улица 4 и улица 5.
Потребата за замена и поставување на таблички ја определува Секторот за комунални работи, врз основа на претходно утврдени и ажурирани податоци.нови таблички со броеви
Оваа активност се спроведува согласно со Одлуката на Советот на Град Скопје, што ја донесе на педесет и осмата седница, одржана на 22 декември 2015 година, за набавка и поставување на таблички со куќни броеви.
Со оваа Одлука се утврдува обврската на Градот Скопје  да изврши замена на оштетени или исчезнати таблички со куќни броеви, да постави таблички на објектите на кои е извршена пренумерација на броевите, како и во други случаи утврдени со закон, на подрачјето на Град Скопје
Трошоците за набавка и поставување на табличките се на товар на Градот Скопје, а средствата за оваа намена се обезбедуваат со Буџетот на Град Скопје.

Испрати коментар

Scroll To Top