Насловна / Вести / Прв аеродром во Африка кој се напојува со соларна енергија

Прв аеродром во Африка кој се напојува со соларна енергија

Juzna Afrika aerodrom solarni paneli

Првиот аеродром кој се напојува со соларна енергија на африканскиот континент е „Џорџ“ во Јужноафриканската Република. По повод свеченото оторање, министерот за транспорт на ЈАР изјави дека овој потег ќе ги зајакне еколошките иницијативи на африканскиот континент. Електричната енергија се генерира преку фотоволтаици со инсталирана моќност од 750 kW. Инсталираниот капацитет ќе се зголемува со текот на времето, а вишоците ќе се продаваат на националната електроенергетска компанија „Еском“. Инвестицијата вреди еден милион американски долари.

JUzna Afrika aerodrom solarni paneli1

Се работи само за еден од серијата проекти кои ги планира ЈАР, според кои во периодот 2025-2030 година сите девет аеродроми во земјата ќе користат „чиста“ енергија за сопствените потреби.

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top