Насловна / Вести / Нов рекорд: SpaceX употреби иста Falcon 9 ракета 11 пати

Нов рекорд: SpaceX употреби иста Falcon 9 ракета 11 пати

Од вселенскиот центар „Кенеди“ на Флорида извршено е ново лансирање на 47 Starlink сателити, но тоа веќе и не е некоја вест кога станува збор за оваа компанија. Она што е значајно е дека девет минути по лансирањето, ракетата Falcon 9 успешно се спушта на дрон бродот Just Read the Instructions во Атлантикот.  Станува збор за 11-то успешно лансирање на истата реупотреблива ракета, што е нов рекорд.

falcon1

falcon2

Маск направи револуција со овој концепт на парцијално реупотребливи ракети (најскапиот дел од ракетата е реупотреблив), односно ракети за повеќекратни лансирања, со што значајно се намалуваат трошоците за мисиите. Тој повеќе пати истакнува дека ова е клуч за мисиите на Марс, враќањето на луѓето на Месечината и истражувањето на длабоката вселена. Првата реупотреблива ракета била лансирана на 30 март 2017 година.

falcon3

falcon4

 

Испрати коментар

Scroll To Top