Насловна / Арт и дизајн / Нов подводен музеј за скулптури на Кипар

Нов подводен музеј за скулптури на Кипар

Набљудување на реликвии под вода мора да е возбудливо искуство, а токму тоа ни го овозможи познатиот скулптор и уметник, Jason deCaires Taylor, во соработка со Museum of Underwater Sculpture Ayia Nappa (MUSAN) кој се наоѓа на Кипар.

01_resize

Сметан за првиот подводен музеј на Медитеранот, MUSAN е подводна шума исполнета со прекрасен живот кој ја раскажува приказната за сопствен дом. Се наоѓа на двесте метри од брегот на Аија Напа, а официјалните лица се надеваат дека ќе го подобри туризмот во овој регион.

0_resize

Посетителите се поканети да нуркаат во светот на подводни богатства, истражувајќи бројни статуи и „алтернативен подводен универзум“, каде фокусот е ставен на морскиот живот. Можат да набљудуваат органски скулптури високи над осум метри, да им се восхитуваат на дрвја, разиграни деца и шармантни ликови.

11_resize

Имајќи ја предвид еколошката одржливост, секоја скулптура е направена од pH неутрални материјали, за да нема негативно влијание врз животната средина. Реликвиите се дизајнирани така што можат да играат улога на нов дом за морски суштества и да им помогнат да процветаат кога за тоа ќе дојде време.

02_resize

Коментирајќи, Марин Аргиру, директор на Одделот за рибарство и морски истражувања, рече: „Цврсто верувам дека уметничките дела на Jason, кои ги има деведесет и три, ќе бидат вистински рај за морските суштества и ќе придонесат за развојот на биодиверзитетот во оваа област“.

7_resize

И додаде: „Подводниот музеј ќе биде живо визуелно и еколошко искуство, со уметнички дела кои комуницираат со природата и еволуираат со текот на времето, а сигурен сум дека ќе ги приближи луѓето до морската средина, конзервација и заштита на нашите морскиот екосистем.

Комплетиран со 93 уметнички дела, MUSAN сака да „спои две одделни чуда – едното создадено од човекот, а другото, дизајнирано од природата“.

10_resize

4_resize

5_resize

8_resize

3_resize

03_resize

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top