Насловна / Архитектура / Нов кинески облакодер со интересни конструктивни детали кои наликуваат на очи

Нов кинески облакодер со интересни конструктивни детали кои наликуваат на очи

Студиото RMJM од Кина проектираше нов облакодер наречен  New Pingshan Eye. Објектот го карактерисираат два карактеристички детали на конструкцијата кои начликуваат на очи – еден на врвот и еден на средината на објектот. „Орнаментите обликувани како очи кај 300 метарската кула креираат уникатен визуелен ефект алудирајќи на темата “отвореност и транспарентност“. Како антипод на овој концепт, затвореноста на остатокот од објектот креира чувство на безбедност и заштита од зафатениот бизнис свет надвор од комплексот“ велат од RMJM. Проектантската компанија има идеја и за помал повеќенаменски објект со зелен покрив во непосредна близина. Неколку други објекти со зелен покрив се исто така во план, кои исто така ќе го имаат мотивот „око“ на своите фасади. Финалниот производ ќе биде „урбан комплекс за ммешовита намена кој вклучува стандардни деловни згради, хотел со пет ѕвезди, комерцијални објекти, културни содржини и автобуска постојка.

eye1

eye2

eye3

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top