Насловна / Архитектура / Пет најпрестижни награди во архитектурата

Пет најпрестижни награди во архитектурата

Архитектите секоја година се натпреваруваат за престижни награди, за кои често жестоко се борат. Разни здруженија, сојузи, интернет платформи, печатени медиуми, редовно составуваат разни пропозиции, програми и критериуми според кои доделуваат награди. Во архитектрата годишно се доделуваат мноштво награди низ целиот свет во различни сфери на делување, кои афирмираат и вреднуваат значајни и помалку значајни дела и претставници на професијата. Некои од овие награди се вистинска слика на квалитетно творештво во архитектурата, некои вреднуваат по пониски критериуми, некои се со голема масовност, додека некои со тек на време престанале и да постојат. Во морето на награди тешко е да се избере кои се вистински значајни, но едно е сигурно овие пет награди се најпрестижни во архитектурата, затоа што не трпат импровизации и вреднуваат творештвото со исклучително висок, професинален критериум.

1. Наградата за архитектура Прицкер (Pritzker Architecture Prize)

Наградата за архитектура „Прицкер“ е основана од Џеј А. Прицкер и неговата жена Синди во 1979. година за да „се оддаде почит на жив архитект или архитекти, чие изградено дело е комбинација на квалитети, талент, визија и посветеност, што резултирало со  доследни и значајни придонеси за човештвото и изграденото опкружување преку уметноста на архитектурата “. Наградата, спонзорирана од фондацијата Хајат и финансирана од семејството Прицкер на добитниците им доделува 100 илјади долари, сертификат и бронзен медал. На задната страна на медалот испишани се три збора на латински – firmitas, utilitas, venustas, (цврстина, корисност, задоволство).

Извршната директорка на наградата Марта Торн, прави листа на кандидати, барајќи номинации од голем број луѓе, вклучувајќи ги дотогашните лауреати, академици, критичари и други.

Исто така, било кој лиценциран архитекта, може самостојно да се пријави за наградата до 1. ноември секоја година. Потоа, жири составено од од пет до девет „препознени професионалаци во полето на архитектурата, бизнисот, образованието, издаваштвото и културата“, го прогласуваат победникот во пролет наредната година.

Оваа награда често се нарекува „Нобелова награда за архитектура“.

1_resize

2. Наградата за архитектура Ага Кан (The Aga Khan Award for Architecture – AKAA)

Наградата Ага Кан за архитектура (АКАА), која ја основал Ага Кхан IV во 1977. година, се доделува секои три години на архитектонски проект, кој успешно ги задоволува потребите и аспирациите на исламските општества. Наградата има за цел да ги  идентификува и охрабри архитектонските концепти во областите развој на заедницата, зачувувањето на подрачјата, современиот дизајн, зачувувањето на животната средина и дизајнот на пејзажот. АКАА доделува парична награда во износ од  милион долари на повеќе проекти и архитектонски тимови.

Принцот Карим Ага Кан IV ја основал наградата AKAA во време кога постоеле многу малку архитектонски награди од меѓународен обем. Забележано е дека наградата произлегува од „тагата на Ага Кан за состојбата на архитектурата во исламскиот свет во 70-тите години“ и неговото убедување за важноста на изградената околина во обликувањето на квалитетот на животот на едно општество.

2_resize

3. AIA Златен медал (AIA Gold Medal)

Златниот медал е највисоката годишна чест што ја доделува Американскиот институт за архитекти. Признание на поединец, чив значаен дел на работа има трајно влијание врз архитектурата. Се смета за една од најпрестижните награди во светот на архитектурата. Златниот медал се доделува од 1947. година и го добиле реномирани архитекти, меѓу кои, Френк Лојд Рајт, Френк Гери, Јулија Морган, Моше Сафди.

3_resize

4. RIBA

Меѓународните награди RIBA се дел од програмата за награди управувана од Кралскиот институт на британски архитекти, која се доделува на објекти ширум Велика Британија и ширум светот. Меѓународната награда RIBA се доделува за „одличната работа што ја прават членовите на RIBA ширум светот“. Овие награди се доделуваат годишно на различен број објекти.

4_resize

5. UIA Gold Medal

Од 1984 година, Интернационалната унија на архитекти (Union internationale des Architectes, UIA) доделува златен медал на UIA за да му оддаде почит на архитект (или група архитекти), кои со својата работа и професионална пракса се истакнале по квалитетот на услугите дадени на луѓето и општеството. Златниот медал UIA се доделува на секои три години, на победникот му се врачува за време на официјалната церемонија на UIA – Светскиот конгрес на архитектура. При воспоставувањето на оваа награда во 1984. година, Советот на УИА се надевал дека ова признание ќе биде со истиот престиж како Нобеловата награда во областа на уметноста, науката и мирот. Се доделува на жив архитект како почит на неговите достигнувања и придонесите во текот на неговото творештво и кариера за човештвото, општеството и промовирање на уметноста во архитектурата.

6_resize

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top